ВМРО-ДПМНЕ го повика Џафери да организира ковид седници

На овие седницаи на дневен ред би биле само точките и законските решенија потребни за справување со пандемијата. 

1,303

ВМРО-ДПМНЕ го повикува претседателот на Собранието Талат Џафери денеска да ја отпочне 36. седница за да се изгласаат законите со кои парите од петтиот сет мерки ќе стигнат кај граѓаните.

– Петтиот пакет на мерки ќе беше изгласан уште во четвртокот доколку не беше инаетот на власта, а сега компаниите ќе ги имаа парите. Џафери и Заев намерно ги кочеа мерките. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска се во Собрание и ќе обезбедат кворум за 36. седница за гласање на петтиот пакет на мерки за помош кон стопанството. Петтиот пакет на мерки помина на Влада на 16 февруари, во Собрание беше на 19 февруари. Од тогаш до денес поминаа 2 месеци. Заев имаше кворум кога сам си бараше доверба за владата и можеше да ги изгласа мерките, тој тоа не го направи. Не го направи затоа што тој е кочничар, и сака да создава атмосфера дека некој друг кочи – изјави денеска на прес конференција Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија.






ВМРО-ДПМНЕ го повика Џафери да организира таканаречени ковид седници на кои ќе бидат на дневен ред само точките и законските решенија потребни за справување со пандемијата.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде злоупотребена и да обезбедува кворум за закони кои што не се во интерес на граѓаните, туку единствено би служеле на криминалните афери на СДСМ и ДУИ и токму затоа кажавме неколку пати дека поддршка ќе дадеме само на законите поврзани со јавното здравје – додаде Мицевски.

Поврзани содржини