ВМРО-ДПМНЕ ГО ОСУДУВА УПАДОТ ВО ИНФОМАКС Неприфатливо е загрозувањето на безбедноста на новинарите и на медиумските работници

Без оглед на разликите во ставовите или уредувачките политики, секој медиум мора да работи во средина која гарантира безбедност, достоинство и почитување, се вели во соопштението на партијата.

88

ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс” и секој обид со сила да се загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници.

„Ваквите инциденти се неприфатливи и претставуваат закана за основните демократски вредности кои треба да се заштитуваат и промовираат. Слободата на медиумите, правото на информирање и независната новинарска работа се темелни принципи за кои како партија отсекогаш сме се залагале.






Без оглед на разликите во ставовите или уредувачките политики, секој медиум мора да работи во средина која гарантира безбедност, достоинство и почитување.

Ја поздравуваме брзата и професионална интервенција на полицијата и очекуваме сите надлежни институции целосно и доследно да ја истераат постапката.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде посветена на заштитата на слободата на изразување и создавањето амбиент во кој јавната дебата може да се одвива без страв и притисок“ – се вели во соопштението.

Поврзани содржини