ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОБЈАВИ КАНДИДАТИТЕ Митко Јанчев за Кавадарци, Проеска за Крушево, Тозиовски за Ресен
Би сакал на сите да им честитам, да им пожелам фер плеи и успешна кампања и се разбира успешен и победнички резултат на изборите, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска објави уште 10 кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на претстојните локални избори.
Како што истакна пратеникот Антонио Милошоски на денешната прес-конференција, кандидат за градоначалник на Општина Ресен е Јован Тозиевски, вработен во ЈП во Ресен, а кандидат во Општина Грушево е Билјана Проеска, професорка по македонски јазик.
Кандидат за градоначалник за Општина Делчево, додаде Милошоски, е Николчо Стојменовски. Тој е доктор по ветеринарна медицина, со претходно работно искуство и во Бугарија и во Германија и во општината Делчево.
– Кандидат за градоначалник на општина Ранковце е Борче Спасовски. Тој се занимава со трговија и е мал стопансвеник, сметаме дека оваа негова комуникација со општината Ранковце, му овозможува комуникација со голем број од жителите коишто го предложија за да биде кандидат за општина Ранковце. Кандидат за градоначалник на општина Ново Село е Ѓорѓе Божинов. Тој е дипломиран економист, моментално е вработен во приватна градежна компанија како Извршен Менaџер. Кандидат за градоначалник наопштина Василево е Славе Андонов, кој што е дипломиран правник и сметаме дека ги има сите потребни квалификации општина Василево да ја направи подобра и економски подинамична општина. Кандидат за градоначалник на општина Дебарца е Сашо Силјаноски. Семеен човек, дипломиран шумарски инженер вработен во министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и важи за добро познат човек во општина Дебарца и сметаме дека ќе биде одличен кандидат за градоначалник на општината. Кандидат за градоначалник наопштина Кавадарци е Митко Јанчев. Сметаме дека е добро познат на македонската јавност како менаџер на една од најуспешните компании на државата, но исто така и во општината Кавадарци како градоначалник кој што реализира голем дел од проектите кои што се битни за кавадарчани. Предлогот за господинот Јанчев е барање токму и на мнозинството на жителите на Кавадарци – рече Милошоски.
Кандидат за градоначалник на општина Зрновци, додаде пратеникот, е Борчо Коцев. Тој магистрирал на Факултетот за Безбедност.
– Кандидат за градоначалник на општина Кратово, Тодорчо Николовски, предложен од Социјалистичката партија. Господинот Николовски има правосуден испит, дипломиран правник, вработен во 2012 година во општина Кратово. Потоа, имал во ЈП Хидросистем Злетовица и сметаме дека со ова негово работно образовно искуство ќе биде добар и успешен градоначалник на општина Кратово. Тоа би биле известувањата за денес, овие десет кандидати. Би сакал на сите да им честитам, да им пожелам фер плеи и успешна кампања и се разбира успешен и победнички резултат на изборите – порача Милошоски.