ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не сака ниту вакцини, ниту нов Клинички центар

262

За Филипче и Заев приоритет се провизиите, а не здравјето на граѓаните. Тие не успеаја да направат ништо, освен да уништуваат и пљачкаат, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Последна во низата пљачки е онаа со изградба на нов Клинички центар. Но, на сите им е јасно дека не станува збор за никаков проект за нов Клинички центар, туку за физибилити студија со која Филипче сака да земе заем од повеќе од пола милијарда евра, пари кои треба да ги враќаат граѓаните. И Филипче наместо да мисли како да земе провизија, нека мисли како да направи проект за нов Клинички, па потоа да бара пари. ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но не е за пљачка на граѓаните. Додека сите држави вакцинираа, Филипче мислеше како да земе провизии за што има докази дека уплатил 7.8 милиони евра на фантом фирма од Хонг Конг. И така граѓаните почнаа да се вакцинираат неколку месеци подоцна од граѓаните во другите европски држави. Филипче треба да прекине да мисли на провизии. Филипче треба да ја напушти функцијата, а потоа и да одговара за направените штети“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини