ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев тераа одмор лани во август додека сите преговараа и договараа вакцини

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче и Заев за секојдневното лажење на народот дека вакцините ќе стигнат наскоро.

314

ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара оставка од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, поради неуспешните обиди да обезбедат вакцина за населението иако бројките на новозаразени растат, а расте и смертноста.

– Филипче и Заев уште велат ако е вратен авансот, сепак вакцините ќе стигнат наскоро. Дека наскоро ќе стигнат вакцините граѓаните слушаат секој ден. Но, што значи тоа наскоро? Ништо! Во ситуацијата во Македонија едно е јасно, вакцини нема!  – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата прават споредба со процесот на вакцинирање со соседна Србија.

– Ако се споредиме со Србија истата има до сега два милиони вакцини, или 1,5 милиони кинески, 200 000 руски, 150 000 од Фајзер, 150 000 од Астра Зенека. Или ако Србија има седум милиони жители, а има 2 000 000 вакцини, двомилионска Македонија по таа логика до сега ќе требаше да има набавено околу 600 илјади вакцини. Се разбира ако Филипче и Заев беа способни – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Филипче и Заев не само што покажаа, туку и докажаа дека не се способни, дека не се заинтересирани.

– Филипче и Заев тераа одмор минатата година во август додека сите преговараа и договараа вакцини за годинава.За вакцини „ќе има наскоро“, а ги нема, иако сите земји вакцинираат од декември минатата година, одговорност мора да има – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини