ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да поднесе оставка затоа што Македонија губи десетина животи секој ден
Оттаму повикуваат Филипче мора да понесе одговорност, за, како што велат, сите задоцнети реакции и изгубени животи, а притоа не направил ништо за да го смени пристапот и да спаси живот повеќе.
Секој ден е нов пик на новозаразени, и секој ден губиме по десетина наши сограѓани заради неспособноста на Филипче. Македонија е на врвот на листата на смртност во регионот, затоа што Филипче е неспособен, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
– Пациентите чекаат и по неколку дена за тестирање, а потоа уште неколку дена за резултати. Додека да стигнат во болница, состојбата им е веќе комплицирана, и често завршуваат фатално, дури и млади луѓе. Филипче треба да си даде оставка поради тоа што здравствениот систем не функционира и луѓе умираат или по ходнкците молејќи за помош или на пат кон болниците. Министерот Филипче имаше десет месеци да се подготви за новиот бран, но тој не направи ништо за да обезбеди минимална подготовка на капацитетите. Секојдневно се лажираат бројки на заразени и се кријат починати. Тестирањето на ковид заразените се претвори во милионски бизнис додека за функционерите на власта тоа е бесплатно – пишува во партиското соопштение.
Оттаму повикуваат Филипче мора да понесе одговорност, за, како што велат, сите задоцнети реакции и изгубени животи, а притоа не направил ништо за да го смени пристапот и да спаси живот повеќе.
– И додека Филипче е политичар во обид, Македонија губи. Македонија нема повеќе животи за губење – се додава во соопштението.