ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не седи со вкрстени раце и да ги усвои мерките против делта-сојот

Делта сојот на ковид-19 вирусот е веќе присутен во Македонија, сите држави воведуваат поригорозни контроли, само владата на СДСМ кај нас се однесува ноншалантно, обвини партијата на Христијан Мицкоски.

1,045

Филипче да не седи со вкрстени раце и да ги усвои мерките против делта сојот на ковид-19, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Делта сојот на ковид-19 вирусот е веќе присутен во Македонија, сите држави воведуваат поригорозни контроли, само владата на СДСМ кај нас се однесува ноншалантно. Наместо да го преспијат летото и да се разбудат во хаотична и пеколна есен со многу заболени и голем број на смртни случаи, време е за мерки кои ќе го контролираат влезот во државата и ќе го ограничат просторот за ширење“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги предлага следните мерки:

1. Професионализација на Комисијата за заразни болести;

2. Забрзување на вакцинацијата против Ковид-19;

3. Зголемување на контролата на границите;

4. Достапност на тестирање за Ковид-19;

5. Јасен и прецизен „Бел план” за здравствениот систем при нов бран на Ковид-19;

6. Зголемување на достапноста за рендген и лабораториските анализи за пациенти со Ковид-19;

7. Актуелизирање и обновување на протоколите за третман на Ковид-19;

8. Мапирање на здравствениот персонал;

9. План за пациентите со останати дијагнози;

10. Мапирање на здравствените капацитети;

11. Одредување на болници посветени за Ковид-19;

12. Мапирање на постоечката функционална апаратура;

13. Достапност на соодветен третман за пациенти со Ковид19;

14. Достапност на лична заштитна опрема ;

15. Пост-Ковид центри за пациенти коишто прележале Ковид-19;

Поврзани содржини