„Единствениот аутсајдер е Зоран Заев, кој ја убедуваше јавноста дека ќе победел со 120 илјади гласови разлика. А и на тој поткуп од 100 милиони евра на овие избори, Заев загуби во над 40 општини. Колку френетично се занимава со состојбите во ВМРО-ДПМНЕ толку појасно кажува дека му доаѓа крајот на Зоран Заев. Црпнатиот криминалец треба да се подготви да одговара пред законите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев не успеа да се спаси ниту со целиот поткуп од 100 милиони евра, агитација во време на молк и заканите кои неговите партиски пајташи ги упатуваа кон граѓаните, вели партијата и додава:
„Заев е исплашен дека ќе одговара за целиот криминал и затоа со последни сили се бори да се спаси од правдата. Исто како што сака да ги спаси двајцата негови градоначалници кои ги фатија во поткуп, а ЈО молчи. Институциите под контрола на Заев молчат затоа што Заев е до гуша во криминал. Молчењето не може да биде вечно. Следува одговорност за криминалот, рекетот и за корупцијата“.