📷 ВМРО-ДПМНЕ Е ВИНОВНА И ЗА ПОЖАРИТЕ ВО ШПАНИЈА?! Кој знае што мислеле во СДСМ кога ја украле оваа фотка
Опозициската СДСМ ја обвини власта за катастрофални пожари, но за илустрација користеше фотографија од Шпанија. Наместо факти – партиска пропаганда со лажна слика.
Додека земјата се соочува со реална опасност од пожари, дел од политичките партии продолжуваат да ја користат секоја криза како алатка за собирање поени. Последна во низата остри критики е опозициската СДСМ, која обвини дека „20% од територијата на државата е изгорена“ поради, како што велат, „неспособноста и нефункционалноста“ на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓутоа, она што дополнително ја распали јавноста не е само обвинувањето, туку пропагандната фотографија што ја користеше СДСМ во својата објава. Имено, фотографијата со која ја илустрираа катастрофалната состојба не е од Македонија, туку од пожарите што беснееја во Шпанија. Ова беше откриено од повеќе корисници на социјалните мрежи, а потврдено и преку темелно пребарување на фотографијата.
Во реакциите не изостанаа ниту обвинувањата за манипулација на јавноста. Граѓани коментираа дека ваквиот пристап не само што е неетички, туку е и штетен, бидејќи ја поткопува довербата во сериозноста на проблемот со шумските пожари. Од владејачката партија возвратија дека СДСМ „шири паника и лаги“, при што, како што велат, дури и визуелната поддршка на нивната критика е фалсификат.
ВМРО-ДПМНЕ повторно упатува сомнежи дека дел од пожарите се намерно подметнати од лица блиски до СДСМ и ДУИ, и прашува која е нивната корист од тоа. Од партијата на Христијан Мицкоски велат дека намерното предизвикување штета со цел да се наштети на актуелната Влада, во суштина претставува штета за целата држава.
Од СДСМ сè уште нема објаснување за потеклото на спорната фотографија, ниту пак извинување за нејзината употреба.