ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО ПОБЕДИ СДСМ ВО БИТКАТА ЗА СОВЕТНИЧКИТЕ ЛИСТИ? Христијан Мицкоски убедливо пред Зоран Заев во анкетата на Прорисрч

Во анкетата на Прорисрч, подготвена во соработка со Плусинфо, во битката за советничките листи, води ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ со 26% спрема 19,7%, а на прашањето на довербата во политичарите убедливо води Христијан Мицкоски пред Зоран Заев, со 15,5% спрема 10,6%, што се смета за пресврт.

5,589

Во пресрет на локалните избори, порталот Прорисрч, во соработка со редакцијата на Плусинфо, спроведе телефонска анкета од 2 до 9 октомври 2021 година, на репрезентативен примерок од 1.006 граѓани. Граѓаните беа прашани за нивниот избор на локалните избори, како и за довербата во политичарите.

На прашањето за која листа за општински совет ќе гласате на локалните избори 2021 година, најмногу граѓани се определиле за ВМРО-ДПМНЕ 26%, по што следува СДСМ со 19,7%. ДУИ ја има довербата на 8,2% од граѓаните, наспроти Алијансата на Албанците со 6,1%. Фактори во локалните совети ќе бидат и Левица со 5,7% и независните листи со 2,4%.






Определбата на избирачите на гласањето за советничките листи е едно од клучните мерила за успехот на партиите на локалните избори, дотолку повеќе што изборите за советничките листи се спроведуваат според пропорционалниот изборен модел во еден круг и на нив партиите настапуваат самостојно, но и во конкуренција на независни листи.

Пресврт има и кај политичарите со најголема доверба. За првпат Христијан Мицковски убедливо води пред Зоран Заев, а Димитар Апасиев е трет.

 

За прв пат во анкетите Христијан Мицкоски има стабилно водство пред Зоран Заев – навестува ли тоа голем пресврт на локалните избори?

 

Меѓу топ-10 политичари се Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ (15,5%), Зоран Заев, претседател на СДСМ (10,6%), Димитар Апасиев, претседател на Левица (5,9%), Али Ахмети, претседател на ДУИ (5,1%), Зијадин Села (2,7%), претседател на Алијанса на Албанците, Венко Филипче, министер за здравство, Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, Радмила Шеќеринска, министер за одбрана, Стево Пендаровски, претседател на Републиката…

 

 

Меѓу топ-10 политичари само еден е градоначалник, Максим Димитриевски, додека на пошироката листа има уште двајца градоначалници – Митко Јанчев на Кавадарци и Арбен Таравари на Гостивар.

 

Поврзани содржини