ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГЛАСА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ За Таравари не е важно кој предлог ќе биде прифатен, туку важно е само да се отвори Уставот
Единствениот пат на Македонија е патот кон ЕУ, без оглед на комбинациите и можностите кои ѝ се нудат, порача лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Како што и самиот предвидев, опозициската ВМРО-ДПМНЕ испраќа добри сигнали и подготвена е за гласање на уставните измени, рече лидерот на Алијаса за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за ТВ21.
Според него, не е важно кој предлог на Владата ќе биде прифатен, туку најважно е дека уставните измени ќе бидат изгласани.
– За нас е важно тоа што ВМРО-ДПМНЕ почна да испраќа позитивни сигнали дека е подготвена да гласа за уставните измени, нешто што ние веќе го кажавме и го предвидовме пред еден или пред два месеца. Кој предлог ќе биде прифатен не е важно, туку најважна е агендата. Единствениот пат на Македонија е патот кон ЕУ, без оглед на комбинациите и можностите кои ѝ се нудат. Ние сме тука за да ги поддржиме уставните измени и да ѝ помогнеме на земјава да ги започне преговорите со ЕУ – изјави Таравари.