ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОДГОВОР ОД СОФИЈА Што стои зад исфрлањето на Ковачевски од фотографијата со Петков?

Вака ли продолжува дијалогот со Бугарија преку понижување на едната страна од учесниците во процесот? И ова ли ќе го премолчи Ковачевски?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

561

Силно понижување е исфрлањето на Ковачевски од фотографијата на Петков, реагира ВМРО-ДПМНЕ и бара одговори од Бугарија што стои зад ваквото понижување и ваквиот деградирачки однос кон премиерот на Македонија.

Таквиот чин е директно спротивен на тврдењата на Ковачевски дека дувале нови ветришта на пријателство кое еве гледаме го оддуваа од фотографијата со Петков. Дома се прават пријатели, а пред светот, Ковачевски не го редат ниту на фотографија. Затоа се должни да одговорат што стои позади ваквото понижување и ваквиот деградирачки однос кон премиерот на Македонија? Вака ли продолжува дијалогот со Бугарија преку понижување на едната страна од учесниците во процесот? И ова ли ќе го премолчи Ковачевски?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини