ВМРО-ДПМНЕ бара извинување од Саше Политико за навредите кон Гордана Силјановска

Говорот на омраза и навредите не смеат да прераснат во пракса во општеството, се вели во соопштението.

913

Го осудуваме говорот на омраза и навредите на Саше Политико кон Гордана Силјановска Давкова, не сакаме тој да биде сликата за новинар, наведено е во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Го осудуваме говорот на омраза и навредите кои Саше Ивановски – Политико, ги упати кон Гордана Силјановска Давкова, носител на листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во ИЕ 1. Бараме итно извинување од новинарот, но и од неговите спонзори и мотиватори – семејството Заеви. Дополнително ги повикуваме новинарските здруженија да го осудат ваквиот напад. ВМРО-ДПМНЕ ги почитува новинарите, и не сака сликата за новинар во јавноста да биде лицето Саше Ивановски – Политико. Говорот на омраза и навредите не смеат да прераснат во пракса во општеството“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини