Гордана Јанкулоска е жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Заев. Јанкулоска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија и во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување на нови службени возила, реагира ВМРО-ДПМНЕ на информацијата дека поранешната министерка за внатрешни работи попладнево е спроведена во затворт Идризово.
– Јанкулоска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата. Додека власта се осветува кон мајка, сопруга и професионалец кој со години и служел на државата сѐ уште нема ниту збор за тоа каде завршувале парите од рекетот на Зоран Заев, имаме амнестија на очигледен поткуп на Заев, евро за Вицето евро за црквата, имаме целосен молк за поткупот на екс директорот на ФЗО Ден Дончев, обвинителството молчи за панамските пари и зделките со Заев за 2000 стана во Тетово, се молчи за измамата на штедачи на Еуростандард банка и редица други скандали кои се случуваат на дневно ниво – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека забавата на Заев со човечки судбини нанесува зло и штета на државата и дека денес треба да се зборува за Јанкуловска кога има 40 илјади невработени на улица или кога има колапс на образовниот систем.