ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев до вечер не каже за што тајно преговара во Софија, утре следи блокада на Владата и на МНР

931

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го повика премиерот Зоран Заев јавно да објави пред македонската јавност за што точно тајно се преговара во Софија овие денови

„Зоран Заев во интервју за бугарски медиум соопшти скандалозни тези ретуширајќи ја историјата, нашите придобивки од антифашистичката борба, удирајќи по темелите на современата Македонска држава. Дали искажаните позиции за кој не се извини сега се на маса за пазарење со Бугарија?






Доколку Заев јавно не излезе до вечер за што точно преговара и од што точно се откажува ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе организира блокади на Владата и Министерството за надворешни работи“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини