ВМРО ја обвини власта за хаваријата во РЕК, а од ЕСМ велат дека се неетички нападите
Тие постојано бараат изговори и виновници за своите неуспеси. Еднаш тоа е опозицијата, друг пат тоа е дождот, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Стевче Атновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста вчера беше информирана дека во РЕК Битола се случила хаварија и дека во прекин е транспортот на јаглен од рудникот Суводол до РЕК БИТОЛА поради дождовите. Ова е само уште еден показател дека енергетиката не страда од природни непогоди, туку од непогодата наречена неодговорно и нестручно работење на власта. Тие постојано бараат изговори и виновници за своите неуспеси. Еднаш тоа е опозицијата, друг пат тоа е дождот, истакна Стевче Атновски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Јавноста треба да знае дека поради немање доволни количини на јаглен уште од 18 јули 2020 година РЕК Битола работи само со еден блок, а според плановите од 15 јули требаше да работат сите три блока. Најголемиот багер за ископ на јаглен повеќе од еден месец е надвор од функција бидејќи е потопен и заглавен во кал, уште пред да се случат вчерашните поројни дождови. За сето ова ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ја известуваше јавноста во месец април, мај и јуни – рече Стевче Антевски од ВРМО-ДПМНЕ.
Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ подолго време ја алармира јавноста за погубните политики на „шампионите” во Енергетскиот сектор, посебно за состојбата во РЕК Битола.
– Наместо санирање на ваквите состојби ЕЛЕМ и РЕК Битола набавуваат минерална вода во износ од 3 милиони денари, за потоа без срам да бараат и поскапување на струјата во износ од 7,5%. Додека Власта на Заев е заинтересирана повеќе за тоа како да направи некој милионски скандалозен тендер, како непотистички да ги полни енергетските компании со скапо платени вработувања, како да набавува вода наместо механизација, до тогаш ќе ни се случуваат поскапувања на струјата и хаварии во нашите енергетски компании – вели Антовски.
Од друга страна, пак, ЕСМ реагираше на овие обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ и го постави прашањето дали партијата на Христијан Мицкоски е против рударите да добиваат вода за пиење.
– Оттука, нехумани се прес-конференциите кои лица од ВМРО ДПМНЕ ги одржуваат веројатно токму по налог на Мицкоски. Го покануваме партискиот претседател Мицкоски и лицата кои ги иснесуваат лажните вести да дојдат во рудниците на РЕК Битола и да ја видат актуелната состојба на елементарна непогода, и во таа прилика да се сретнат со рударите и со сите вработени и лично да им кажат дека нема потреба да им се дава вода за пие – се вели во реакцијата на РЕК Битола.