Вметнал фалсификувани страници во пасошот, цвета шверцот со мигранти

303

ВМЕТНАЛ ФАЛСИФИКУВАНИ СТРАНИЦИ ВО ПАСОШОТ На 20.09.2020 во 18.50 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.П.(51) од Албанија, бидејќи при увид и контрола во албанска патна исправа било констатирано дека некои од оригиналните страници биле отстранети, а на нивно место биле вметнати други фалсификувани страни. За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.

ПРЕВЕЗУВАЛ 30 МИГРАНТИ, ГО УАПСИЛЕ НА НАПЛАТНА На 20.09.2020 во 12 часот на наплатната станица „Отовица” во Велес, полициски службеници од СВР Велес забележале товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил местото на настанот. Подоцна, на 500 метри од наплатната станица, полициските службеници го лишиле од слобода С.С.(38) од Скопје, а по преглед во возилото биле пронајдени 30 лица мигранти од Авганистан, Сирија и од Сомалија. За настанот е известен јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар Винојуг.






С.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПРИВЕДЕН УШТЕ ЕДЕН ШВЕРЦЕР НА МИГРАНТИ На 21.09.2020 околу 02.00 часот на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициска станица Сопот забележале патничко моторно возило „опел корса“ како остава три лица мигранти и го напушта местото. Возилото било сопрено во селото Воиновиќ, Кумановско, при што било констатирано дека возилото го управувал Д.С.(41) од Велес.

Мигрантите се предададени во Транзитниот центар Табановце. Д.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

УДРИЛ ВО ДВАЈЦА ПЕШАЦИ На 20.09.2020 во 18.10 часот на локалниот пат кај селото Челопеци во Кичево, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(73) од Кичево, удрило во двајца пешаци- малолетници од истото село. По незгодата, тие биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево, при што кај едниот биле констатирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ На 21.09.2020 околу 05.15 часот во близина на угостителски објект во селото Зајас, Кичевско, патничко моторно возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(25) од селото Брвеница, Тетовско, излетало надвор од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А. и сопатничката М.А.(24) од Брвеница кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Поврзани содржини