ВМЕШАНИ ЛИ СЕ ЕКС ФУНКЦИОНЕРИ ОД СДСМ И ОД ДУИ ВО РЕКЕТ 2? Коцевски да престане да прикрива криминалци, бара ВМРО-ДПМНЕ

Коцевски да не молчи за случајот Рекет 2 во кој се вплеткани поранешните обвинители од СЈО, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми и се шпекулира дека имаат рекетирано познат скопски бизнисмен, туку да го расчисти случајот, порача ВМРО-ДПМНЕ.

251

Јавното обвинителство на чело со Љупчо Коцевски повеќе од година и пол не покренале ниту една постапка против поранешни функционери, иако постојат индиции и сомнежи за огромен криминал и корупција, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста има право да знае што се случува со случајот Рекет 2 и зошто јавниот обвинител Коцевски сè уште го прикрива, соопшти партијата.






„Коцевски да не молчи за случајот Рекет 2 во кој се вплеткани поранешните обвинители од СЈО, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми и се шпекулира дека имаат рекетирано познат скопски бизнисмен. Граѓаните имаат право да знаат кој бил рекетиран? Во кој временски период се случувале овие настани? Кои се причините и за колку средства овие тројца сакале да го изрекетираат бизнисменот? Дали е вплеткан и познат скопски адвокат и како одела шемата на рекетот? Дали се вмешани и поранешни функционери од СДСМ и од ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Јавното обвинителство и Коцевски да го расчистат случајот, правда и одговорност мора да има, се додава во соопштението.

Поврзани содржини