ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА НА СЕЛИН ДИОН Нема контрола над болеста и нема лек
Легендарната пејачка Селин Дион минатата година откри дека ѝ бил дијагностициран синдром на вкочанета личност (СПС).
Здравствената состојба на пејачката Селин Дион се влошува. Една година откако ја објави дијагнозата, пејачката Селин Дион повеќе не може да контролира одредени движења на телото. Ова го потврди нејзината сестра Клодет Дион.
„Таа нема контрола над нејзините мускули. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и за сè водеше сметка. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш и велеше: „Ќе го направиш тоа добро, ќе го направиш правилно“, изјавила Клодет за „7Журс“.
„Точно е дека за нас и за неа е сон да се врати на сцената. На кој начин? Не знам“, додала сестрата на легендарната пејачка.
Селин минатата година откри дека ѝ бил дијагностициран синдром на вкочанета личност (СПС). Оваа ретка болест влијаеше на нејзината кариера во изминатата година, а како што стравуваат сите блиски пријатели и членови на семејството на пејачката, болеста може да влијае и на нејзината иднина.
Од здравствени причини таа во мај најави дека ќе ја откаже претстојната турнеја, што загрижи многумина.
Станува збор за дијагноза која погодува еден од милион луѓе, а бидејќи е многу ретка, малку луѓе се засегнати, па научниците не ја истражиле детално. Оваа невролошка болест обично вклучува чести мускулни болки и грчеви, а сестрата на пејачката, Клодет, истакнала дека Селин многу тешко ја поднесува оваа ситуација.
Оваа ретка болест ги погодува мускулите, па настапите на Селин се многу заморни.
„Гласните жици се мускули, а срцето е исто така мускул. Имајќи предвид дека оваа болест погодува еден од милион луѓе, научниците не ја истражувале толку оваа болест бидејќи не зафатила толку многу луѓе“, рече сестрата на пејачката и додаде:
„Не можеме да најдеме лек кој делува, но важно е да се има надеж“.
Фановите ширум светот секојдневно се јавуваат во Фондацијата Селин Дион за да ја покажат својата поддршка и да упатат убав збор.
„Некои луѓе изгубија надеж затоа што тоа е болест која не е добро позната. Само да знаете колку телефонски повици прима Фондацијата. Луѓето ни велат дека ја сакаат и се молат за неа. Таа добива толку многу пораки, подароци и благослови“, заклучила сестрата на Селин Дион.