Влез во Србија само преку Табановце
Како што велат од МВР за Плусинфо од денеска се затворени граничните премини Прохор Пчински и Голема Црцорија – Голеш по добиените насоки од Владата на Република Србија, а поврзано со Ковид 19.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска сите оние кои сакаат да патуваат во соседна Србија, можат да влезат во оваа земја само преку заeдничкиот граничен премин Табановце-Прешево.
Како што велат од МВР за Плусинфо од денеска се затворени граничните премини Прохор Пчински и Голема Црцорија – Голеш по добиените насоки од Владата на Република Србија, а поврзано со Ковид 19.
– Ги спроведовме насоките од страна на српската Влада, па поради тоа патничкиот сообраќај со оваа земја ќе се одвива преку заедничкиот премин (Табановце-Прешево). Засега од другите соседни држави немаме вакви препораки за затворање на некои гранични премини. Дали ќе бидат затворени од наша страна сѐ зависи од одлуките на координативното тело, каде што МВР има свои претставници, а според нив ќе постапува и нашето министерство – велат од МВР за Плусинфо.
Според камерите поставени од страна на Јавното претпријатие за државни патишта, во моментов на граничниот премин Табановце може да се забележи дека нема голема раздвиженост на возила за влез и излез од земјава.