ВЛЕГУВАЊЕ НА АЛИЈАНСА ВО ВЛАДАТА НЕ Е НА ДНЕВЕН РЕД Ковачевски вели дека не разговарал на таа тема со никого

Пратеникот на Алијансата за Албанците и член на партиското раководство Сурија Рашиди, пак, изјави дека гласините за влез на партијата во Владата, се само шпекулација.

100

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека досега нема закажано официјален состанок со раководството на Алијансата за Албанците, одговарајќи на новинарско прашање дали во тек се преговори за влез оваа партија во Владата.

Единствено се сретнав со пратеникот на Алијансата, професор Елми Азири, кој беше дел од Економскиот совет во проширен состав, со кој дискутиравме за економски мерки – изјави Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.






Изминативе денови се појавија информации дека Алијанса за Албанците ќе се приклучи во Владата, но претставници на раководството на партијата ги демантираа таквите тврдења.

Вршителот на должноста претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари изјави дека засега немаат понуда за да влезат во Владата.

Темата за тоа дали да се влезе или да се излезе не сме ја дискутирале, ние не сме биле дел од Владата ниту, пак, сме размислувале за тоа. Но, ќе размислиме, ќе ја разгледаме опцијата ако постои таков предлог, но сега за сега нема нешто такво – рече Таравари.

Пратеникот на Алијансата за Албанците и член на партиското раководство Сурија Рашиди, пак, изјави дека гласините за влез на партијата во Владата, се само шпекулација.

Поврзани содржини