ВЛЕГОЛ ВО ШКОЛСКИОТ ДВОР И ПОЧНАЛ ДА СЕ СОБЛЕКУВА Манијак преплашил девојчиња во основното училиште „Димитар Миладинов“ – едно дете кришум го фотографирало

Како што пренесува порталот „А1он“, тој влегол во дворот зад училиштето и преплашил неколку девојчиња кои излегле да ја извршат дневната задача во школската мерна станица.

676

Манијак влегува во дворот на скопското основно училиште „Димитар Миладинов“ во Центар и кога ќе начека помала група ученици им го покажува половиот орган.

Како што пренесува порталот „А1он“, тој влегол во дворот зад училиштето и преплашил неколку девојчиња кои излегле да ја извршат дневната задача во школската мерна станица.






Едно од нив, на кое вторпат му излегува манијак во училиштето, го фотографирало.

„На 14.12.2022 во 11.30 часот М.В.С. (41) од Скопје (директорка на основно училиште) пријави дека во кругот на основно училиште на подрачјето на Центар, поточно до спортскиот терен, непознато лице се соблекувало, а било забележано од ученици и наставничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

И наставниците од училиштето потврдуваат дека често учениците пријавуваат дека манијаци се движат околу зградата на улилиштето, која се наоѓа зад „Даре Џамбаз“. Тие велат дека секоја пријава ја проследуваат и до полицијата.

Поврзани содржини