ВЛЕГОЛ СО ПИШТОЛ ВО БАНКА Разбојништво во Аеродром

721

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(30) откако денеска во 13.55 часот било пријавено дека се обидел со закана со пиштол да изврши разбојништво во филијала на банка во трговски центар на подрачје на општина Аеродром, но не успеал во намерата и се дал во бегство.

Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и М.К. е пронајден и лишен од слобода.

Поврзани содржини