Влатко Ѓорчев сведочи за 27 април: ВМРО-ДПМНЕ изгуби најмногу, триесетина луѓе завршија во затвор

859

Влатко Ѓорчев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во својот исказ како сведок во судскиот процес за организаторите на 27 април во Собранието денеска пред судот рече дека тие настани биле нечиј план во кој најмногу изгубила ВМРО-ДПМНЕ.

– 27 април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгуби? ВМРО-ДПМНЕ, најмногу изгуби, а триесетина луѓе завршија на Голи Оток. 27 април не беше исклучок, туку еден голем план. Некој сакаше да се случат проблеми – рече сведокот Ѓорчев.






Тој пред судот рече дека постапката за избор на влада и претседател на Собранието во 2017 година ќе завршела за една недела, ако сите пратеници пријавени во дискусијата говореле во парламентот. Оттаму, претседателот Трајко Вељаноски неколкупати ги повикувал пратениците да се откажат од правото на збор, затоа што имало многу пријавени.

Претходно, сведочеше и поранешниот пратеник Зекирија Ибраими кој рече дека неговата одлука да ја испее албанската химна не е прекршување на Деловникот и дека тој како заменик-координатор имал право на процедурално обраќање кое го сторил неколку пати од собраниската говорница.

Како сведоци за настаните од 27 април се повикани и пратениците Дафинка Стојановска , Ана Лашкоска, Ејуп Алими, Реџеп Исмаили и Теута Биљали.Сите сведочат по барање на обвинетиот Трајко Вељановски кој заедно со Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски се обвинети дека ги организирале собраниските настани од 27 април.

Поврзани содржини