ВЛАСТА Е ВИНОВНА ЗОШТО ДИК НЕ Е КОМПЛЕТНА Стојановска вели дека 10 месеци местото е празно бидејќи е искомплициран изборот на нов член

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ потсети и дека ДИК остана без член. Бидејќи законски рок беше триесет дена по испразнување на местото на еден член од ДИК да се потполни. Но, десет месеци поминаа, а тоа место во ДИК сѐ уште не е потполнето.

255

Да потсетам дека изборно ветување беше една изборна единица од Зоран Заев во 2020-та година. И во 2021 година, Панчо Минов како претставник на помалите политички партии и коалиционен партнер на власта поднесоа таков предлог закон. Меѓутоа тоа остана во лавиринти”, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Топ тема” на Телма телевизија.

– Гледајќи го тоа, како најголема опозициска партија потегнавме иницијатива и остваривме средби во Собрание со сите освен со ДУИ и СДСМ, за да видиме дали има проблем во коалиционите партнери на владејачкото мнозинство или да се дознае каде е проблемот. Македонските партии сите беа за една изборна единица – рече таа.






Стојаноска додаде дека поминати се години од ветувањето на Заев, но власта не го исполни тоа што го ветуваше.

– И сега ако одиме на тоа дека ќе има промена на Изборниот законик само заради препораките на ОБСЕ/ОДИХР, па нивните препораки се овој закон шест месеци пред избори да не се менува. Значи и тоа се крши – потенцираше Стојаноска.

Таа потсети и дека ДИК остана без член. Бидејќи законски рок беше триесет дена по испразнување на местото на еден член од ДИК да се потполни. Но, десет месеци поминаа, а тоа место во ДИК сѐ уште не е потполнето.

– И поради сето ова што се случува не може, а да не се впери прстот во власта. Токму власта ја искомплицира работата со нешто што секогаш одело без никаков проблем – појасни таа.

Стојаноска укажа дека власта толку ја искомплицира работата со избор на член во ДИК.

Поврзани содржини