ВЛАДИКАТА ЈОСИФ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН ЗА ВОДИЦИ Крстот во Вардар ќе го положи митрополитот тетовско-гостиварски
Ваквата промена е направена поради тоа што г.г. Стефан, кој вообичаено и секоја година го положува крстот во реката Вардар во Скопје, овојпат ваквиот чин ќе го изврши во водите на Охридското Езеро.
За прв пат во поновата историја на празнувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, чесниот крст во водите на реката Вардар во центарот на главниот град Скопје ќе го положи митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, потврдија за Плусинфо од кабинетот на архиепископот г.г. Стефан.
Ваквата промена е направена поради тоа што г.г. Стефан, кој вообичаено и секоја година го положува крстот во реката Вардар во Скопје, овојпат ваквиот чин ќе го изврши во водите на Охридското Езеро.
Празникот Водици традиционално се одбележува на 19 јануари.
АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН ЌЕ ГО ПОЛОЖИ КРСТОТ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Охрид се подготвува за Водици