ВЛАДАТА УШТЕ СЕ ДУМА ДАЛИ ДА СЕ ГРЕЕМЕ НА ДИЗЕЛ Бектеши уверува, на што и да се топлиме, редовно ќе се топлиме

Сѐ уште не е донесена одлуката дали по 15 септември топланите ќе работат на приоден гас или на дизел, но топлинска енергија ќе има редовно, рече Бектеши на денешната средба со новинарите.

82

Сѐуште не е донесена одлука дали по 15 ноември топланите во Скопје ќе работат на природен гас или на дизел, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Скопјани да бидат спокојни, тие непречено и во континуитет ќе бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона. Сѐ уште не е донесена одлуката дали по 15 септември топланите ќе работат на приоден гас или на дизел, но топлинска енергија ќе има редовно – рече Бектеши на денешната средба со новинарите.






Тој нагласи дека секоја топлана, вклучувајќи ја и ТЕ-ТО, треба да има алтернативно гориво освен она кое го има како главно гориво за производство на топлинска или на електрична енергија.

– Алтернативно гориво може да биде екстра лесно, мазут или, пак, дизел или бензин. Моментално топланите работат на природен гас и главно 70 отсто од потребите за топлинска енергија се покриваат од страна на ТЕ-ТО. Другите 30 отсто, а во одредени денови и до 40 отсто, се покриваат од топланите Исток и Запад – посочи Бектеши.

Тој им порача на граѓаните да бидат спокојни, бидејќи до крајот на грејната сезона нема да има никаков проблем во  снабдувањето со струја. Одлучиле,  како што информира, ЕСМ да набави струја, бидејќи тоа во моментов е поевтина варијанта отколку да работи ТЕЦ „Неготино”.

– Во моментов се прават набавки на струја од страна на ЕСМ заради тоа што ако работи ТЕЦ „Неготино” производството на електрична енергија по мегават час ќе биде поскапо од сегашната увозна цена. За да не направиме штета на Буџетот, одлучивме дека е подобро да увеземе одредени количини на електрична енергија, кои на берзата чинат околу 200 евра за мегават час, отколку да ги произведеме во ТЕЦ „Неготино” за повеќе од 240 евра за мегават час, поради актуелната цена на мазутот. Ние одлучивме да штедиме, ТЕЦ „Неготино” да не работи во овој момент и да увезуваме поевтина струја согласно берзанските цени – рече Бектеши.

Тој нагласи дека очекува да бидат повлечени 100-те милиони евра од ЕБОР за ЕСМ за справување со енергетската криза, поради, како што рече, неажурноста на ВМРО-ДПМНЕ.

– Согласно моите информации, ЕБОР најверојатно ќе ги повлече тие 100 милиони евра имајќи ја предвид неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ со несвикувањето на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Јас не очекував ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи заемот од ЕБОР, но ние сите сме одговорни да им дадеме шанса на пратениците да дискутираат, да дебатираат, а нивниот претставник, како претседател на Комисијата, не ја стави оваа точка на дневен ред. Тоа е потполно неодговорно. Не барам од нив да го поддржат заемот, но нивна обврска спрема сите граѓани е да ја стават точката на дневен ред – нагласи Бектеши.

И без тие 100 милиони евра, како што нагласи, Владата е подготвена да нема криза на снабдувањето со топлинска и со електрична енергија.

Поврзани содржини