ВЛАДАТА СИСТЕМСКИ ГИ УНИШТУВА ОПШТИНИТЕ Опозицијата го обвини Ковачевски за рушење на националното единство
Од партијата се соменваат дека успехот на нивните кандидати на локалните избори, предизвика и осветничка политика на владата на СДСМ и на ДУИ кон општините, кои во моментов се соочуваат со последиците од ергетската криза.
Од повеќе страни во последните денови слушаме повици за деблокада на собраниските групи, како и за одговорно однесување на опозицијата кога се во прашање националните интереси. Сепак, од друга страна власта во континуитет ги игнорира предлозите и заложбите на опозициските партии.
Пред неколку дена собраниското мнозинство го одби предлогото поднесен на ВМРО-ДПМНЕ за укинувањето на „пржинската влада“, додека во текот на вчерашниот ден беше одбиена и декларацијата за Гоце Делчев.
-ВМРО ДПМНЕ подаде рака за национално единство во кое навистина верува, и тоа за прашањата кои се од државен и национален интерес. Одговорот од СДСМ и од Ковачевски беше одбивање на шанса за единство под изговор дека тоа требало да се случи во Собранието. Веќе наредниот ден тие токму во Собранието одбија да гласаат декларација за Гоце Делчев за која не кажаа што не им се допаѓа, потоа не сакат да разговараат за една изборна единица, за укинување на пржинската влада, што и беше нивно формално барање, а ниту се потрудија да објаснат зошто не се за намалување на бројот на пратеници. Не е нормално во една држава премиерот на државата да не сака и одбива национално единство, освен ако не се работи за некаква туѓа агенда и други интереси. Ако СДСМ мисли под единство поминување на штетни закони како тој за извоз на марихуана, таква поддршка нема да се случи. Затоа односот на СДСМ не само што е лицемерен, туку и ни дава причина да се сомневаме дека работат на туѓа агенда – изјавија за Плусинфо од ВМРО-ДПМНЕ.
Од најголемата опозициска партија порачаа и дека ваквиот игнорантски однос на власта кон нив, ќе предизвика и поинаков однос од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во иднина.
– Во Собранието ќе се противиме на сите законски решенија за кој ќе сметаме дека се против интересите на народот, и против интересите на државата. На секаков можен начин ќе се трудиме да не поминат штетни закони и решенија, додека ќе инсистираме на усвојување за законските решенија кои ги предлага ВМРО ДПМНЕ како што се зголемување на платите и нивно усогласување со коефициентот на тежина на работните места, зголежување на пензиите за пензионерите за 3.000 денари, или 20 отсто, како и зголемување на платите на наставниот кадар. Воедно ќе поднесеме иницијатива за намалување на акцизата на горива и нивно поевтинување – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата се соменваат дека успехот на нивните кандидати на локалните избори, предизвика и осветничка политика на владата на СДСМ и на ДУИ кон општините, кои во моментов се соочуваат со последиците од ергетската криза.
– Се работи за операција за систематско уништување на единиците на локалната самоуправа од страна на локалната власт која се одвива на повеќе нивоа – велат од партијата, од каде ни открија и дека сè уште не пристигнала поканата од премиерот Димитар Ковачевски до нивниот лидер Христијан Мицкоски, за одамна најавената средба во четири очи.
Минатата недела собраниското мнозинство го одби и предлогот на Левица, за укинувањето на апанажата на функционерите. Ова одбивање ги мотивираше пратениците на партијата да пристапат кон нов предлог, со кој се бара во иднина апанажа да добиваат и работниците, доколку добијат отказ на работните места.