ВЛАДАТА СЕ СОГЛАСИ АРМИЈАТА ДА КУПИ ИТАЛИЈАНСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ „АГУСТА“ Македонски војници ќе заминат во мисија на НАТО во Летонија

Министерката за одбрана Славјанка Петровска е овластена во име на Владата да го потпише Аранжманот за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација.

334

Македонија ќе набавува повеќенаменски транспортни хеликоптери од Италија. Владата на денешната седница ја усвои информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор со Италија.

Од Владата по седницата известија дека министерката за одбрана Славјанка Петровска е овластена во име на Владата да го потпише Аранжманот за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација.






Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО“, информираа од владината прес-служба.

Како што претходно беше објавено, во постапка на МО и на Генералштабот на АРМ за најдобра била избрана понудата на италијанската компанија Леонардо за набавка на осум хеликотптери од моделите Агуста 149 и Агуста 169. Првиот е со поголема носивост, до 14 патници со опрема, а другиот до 8 патници исто така со вклучена опрема.

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, на денешната седница донесе и Одлука за испраќање припадници на македонската армија, за учество во мисијата на НАТО „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија.

 

Поврзани содржини