Владата препорача одлагање на судењата, освен итните постапки

Судскиот совет и на Врховниот суд да ја разгледаат можноста и да препорачаат на претседателите на судовите да направат план за одложување на судењата

332

Владата на синоќешната седница ги прошири досегашните мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид 19 во земјава.

Покрај другото препорача  Судскиот совет и на Врховниот суд да ја разгледаат можноста и да препорачаат на претседателите на судовите да направат план за одложување на судењата, со исклучок на оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди, предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.

Поврзани содржини