Владата ѝ порача на МАНУ дека мора да се прекрсти

МАНУ e институција која е формирана од државата и користи државно финансирање за своето работење. Следствено на тоа е должна да го применува договорот од Преспа. Според овој документ, придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име „на Република Северна Македонија“ или со нејзиното скратено име „Северна Македонија“, велат од Владата.

3,343

Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ го отфрлила предлогот да се преименува во Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија, потврдуваат за Плусинфо од Академијата, по што Владата го повлекла од Собранието законот за преименување на институцијата.

Но, Владата е убедена дека ќе најде решение со Академијата за ова прашање и порача дека МАНУ како државна институција е должна да го почитува Преспанскиот договор.






Според информации на Плусинфо од Академијата, Владата одлуката да го повлече законот од Собранието ја донела пред околу три недели, откако мнозинството академици отфрлиле МАНУ да се преименува.

МАНУ e институција која е формирана од државата и користи државно финансирање за своето работење. Следствено на тоа е должна да го применува договорот од Преспа. Според овој документ, придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име „на Република Северна Македонија“ или со нејзиното скратено име – Северна Македонија. Законот кој го уредува името на Академијата е повлечен од Собранието, но Владата е убедена дека ќе се најде решение. Истовремено очекуваме да не се дозволи политизација на ова правно прашање – велат од Владата за Плусинфо.

Нашите извори велат дека мнозинството академици имат отпор да го променат името на институцијата. Академиците пак, кои се за промена на името тоа го аргументираат со ставот дека не гласаат за промената оти така сакаат, туку дека тоа го наложува Преспанскиот договор.

– Мнозинството се спротивставува на промена на името. Во време кога претседател на Академијата беше Таки Фити, за оваа точка имаше консултативно Собрание, јас сметам дека тоа беше легално Собрание.Тогаш баравме кратенката МАНУ да остане. Во тоа време Министерството за надворешни работи комуницираше со грчката страна и беше добиена согласност за тоа, имаа разбирање, односно институцијата да се вика Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија или на Северна Македонија – МАНУ. Но, сега се одбива тој предлог, кој беше преточен во законско решение – вели за Плусинфо, еден од академиците и додава дека не знае како ќе се изведе прашањето за промена на името на институцијата.

Висок функционер од Владата вели дека во МАНУ за ова прашање сакале да отворат дебата. Но, тој додава дека Законот мора секој да го почитува, вклучително и МАНУ,односно дека Преспанскиот договор со ратификацијата станал Закон.

По потпишувањето на Преспанскиот договор и откако беше изгласан во Собранието и по промената на Уставот, Владата им препорача на сите институции да направат промени со новото име на државата.

Законот за промена на името на МАНУ беше на дневен ред во Собранието и во минатиот парламентарен состав, но за него никогаш не се расправаше.

 

Поврзани содржини