ВЛАДАТА ПОБАРА КРЕДИТ ОД 530 МИЛИОНИ ЕВРА Парите се за поддршка на буџетот

Средствата од Кредитната линија се наменети за поддршка на Буџетот на Република Северна Македонија.

74

Владата на денешната седница го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра.

Средствата од Кредитната линија, се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наменети за поддршка на Буџетот на Република Северна Македонија.

Поврзани содржини