ВЛАДАТА ПЛАНИРА МЕРКИ СО ДОЛГОРОЧНИ РЕЗУЛТАТИ Но, не се откажува и од краткорочните мерки, ако трговците се непослушни

Домашните производи во маркетите ќе бидат посебно обележани со што ќе им се помогне на потрошувачите полесно да ги најдат.

117

Во наредниот период владата ќе презема меки кои ќе ддаваат долгорочни резултати за регулирање на цените, но нема да се откаже од краткорочните мерки за ублажуање на цените, ако е тоа потребно, информира денеска министерот за економија Бесар Дурмиши.

Тој оцени дека краткорочните мерки  со намалување на маржите дадоа резултати и сега е потребно домашните производители да се поддржат со други мерки.






-Но, ако извештаите нна државнот пазарен инспектора покажат дека трговците  енормно ги зголемат цените ќе се преземаат и краткорочни мерки – рече Дурмиши.

Тој објасни дека со новите мерки ќе се поттикнуваат граѓаните да купуваат домашни производи.

– Една таква мерка спроведуваат владата и Министерството за земјоделство. Со неа се  поддржуваат домашните производители на земјоделски произоди. Значи ќе се поддржуваат домашните компании, а граѓаните ќе се поттикнуваат да купуваат домашни произвводи – рече Дурмиши.

Домашните производи, како што објасни, во маркетите ќе бидат посебно обележани со што ќе им се помогне на потрошувачите полесно да ги најдат.

 

Поврзани содржини