ВЛАДАТА НЕМА НАМЕРА ДА ПРАВИ ЕСТРАДА СО ШЕФИЦАТА НА АНТИКОРУПЦИСКА Одговорноста е морална и кривична, порача Мицкоски

Што дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе или која било друга политичка партија ќе поднесе? Ете видовте за Судскиот совет, поднесовме, ги разрешивме, тие уште седат таму и добиваат илјадници евра врз грбот на граѓаните, рече премиерот Мицкоски.

1,320

Владата нема намера да се занимава со разрешување на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање државна тајна и за фалсификување на тестот за безбедносен сертификат.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема намера да прави естрада во Собранието.






– Во животот постојат два начини на одговорност – еден е морален кога човек кога обавува некоја функција и ако направи грешка тогаш треба самиот да се повлече. И вториот е кривичен, доколку има сторено кривично дело – рече Мицкоски.

Според него, има поедници кои што се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада.

– Што дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе или која било друга политичка партија ќе поднесе? Ете видовте за Судскиот совет, поднесовме, ги разрешивме, тие уште седат таму и добиваат илјадници евра врз грбот на граѓаните. Да ја оставиме естрадата за естрадните уметници, политиката за политичарите. Постои морален чин на одговорност, ако чувствува некој треба да отстапи и да заврши со таа работа. А за кривична одговорност тука се обвинителствата, судовите, тие нека гонат доколку има кривична одговорност. Ние сега да правиме естрада, па во парламентот, па тоа ништо не значело според Уставот. Веќе немаме намера да се занимавме со такви работи – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини