ВЛАДАТА НА ПРВО, СОБРАНИЕТО НА ТРЕТО МЕСТО Македонија е на врвот во регионот според Индексот на отвореност
Според истражувањето, најотворена е Владата на Северна Македонија, која исполнува 83,43 проценти од поставените критериуми за отвореност, по која следи Советот на министри на БиХ со 74,9 проценти. На трето место е Владата на Црна Гора со 59,46 проценти, потоа Советот на БиХ со 58,42 проценти.
Владата на Северна Македонија е прворангирана во регионот според Индексот на отвореност на собранијата и централните власти и исполнува 83,43 проценти од поставените критериуми за отвореност, а од парламентите, Собранието е на трето место со исполнетост од 68,15 проценти од поставените критериуми.
Истражувањето со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество и Националната фондација за демократија, го спроведе Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на Граѓанската организација Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE).
„Според истражувањето, најотворена е Владата на Северна Македонија, која исполнува 83,43 проценти од поставените критериуми за отвореност, по која следи Советот на министри на БиХ со 74,9 проценти. На трето место е Владата на Црна Гора со 59,46 проценти, потоа Советот на БиХ со 58,42 проценти. Владата на Република Србија исполнува 47,67 проценти од критериумите, а Владата на автономната покраина Војводина 50,18 проценти. На последно место е Владата на Република Српска со 38,53 проценти исполнување на критериумите за отвореност. Како прва земја во регионот што објави и имплементира Стратегија за транспарентност, Северна Македонија даде пример како институцијата треба систематски да пристапува и да ги насочува своите напори кон проактивна транспарентност и отвореност кон своите граѓани. Најдобри резултати постигнуваат министерствата во Северна Македонија со 62 проценти, потоа министерствата на Црна Гора со 57,9 проценти, министерствата во Србија со 48,7 проценти и министерствата во Босна и Херцеговина кои исполнуваат 30,6 проценти од критериумите за отвореност“, наведено е во проценката.
Собранието на Република Северна Македонија, се наведува, исполнува 68,15 проценти од индикаторите за отвореност и е рангиранo на трето место во регионот (на прво место останува Собранието на Црна Гора со 77,89 проценти, по кое следи Собранието на Словенија со 72,31 процент исполнетост на индикаторите за отвореност). Како тело кое е директно избрано од граѓаните и одговара пред граѓаните, Собранието, се посочува, треба да вложи поголеми напори за обезбедување целосна транспарентност, односно отвореност.