ВЛАДАТА И МЛАДИТЕ ЛУЃЕ ЗАЕДНО ЌЕ ЈА НАПРАВАТ МАКЕДОНИЈА НАПРЕДНА ЗЕМЈА Имаме посветени решавачи на проблемите, порачува Шамбевски

Прв пат во оваа држава студентите директно работат со функционерите од власта на решавање на проблемите и тие се коавтори на промените, вели Борис Шамбевски, претседател на Градскиот комитет при Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

179

Оваа Влада гради партнерски однос со младите луѓе, рече синоќа Борис Шамбевски, претседател на Градскиот комитет при Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“.

Шамбевски говореше за промените кои Владата ги носи за младите, од борбата против корупцијата до создавањето конкретни можности за личен и професионален развој, а посебен акцент стави на новиот Оперативен план за млади, кој нуди поддршка за самовработување, започнување бизниси, пристап до светски пазари.






– Оваа Влада гради партнерски однос со младите преку тоа што ги вклучува во институционални решенија и директно соработува со студентите, научниците, спортистите итн., и преку тоа се создава една средина во која младите повторно веруваат дека можат да останат во земјава, да се развиваат, а и да ја изградат Македонија како современа, конкурентна и праведна држава. Оваа генерација ќе биде генерација којашто ќе ја направи државата токму таква, каква што претходните генерации сонувале дека некогаш може да биде. Токму тоа е променето во животот на младите луѓе. Патот по којшто се движи државата е апсолутно променет. Се врати надежта дека Македонија може да биде држава којашто ќе биде компетитивна со нашите соседи, па зошто не и со некои поразвиени држави од Европа – рече Шамбевски.

Тој посочи дека новата влада води активна борба против корумпираниот и нефункционален систем што беше наследен од претходната власт. За образованието, додаде, како една од најзапоставените области, нема брзо решение, но нагласи дека од првиот ден се работи на вистински реформи. Според него, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е составена од луѓе што не само што ги препознаваат предизвиците, туку и активно ги решаваат, во соработка со младите кои се носители на промените.

– ВМРО-ДПМНЕ има Влада од посветени решавачи на проблеми коишто гледаат проблем и го решаваат проблемот, заедно со младите. Прв пат во оваа држава студентите директно работат со функционерите од власта на решавање на проблеми. Коавтори се на промените, двигатели се на промените – потенцираше Шамбевски.

Тој посочи и на новиот Оперативен план на Владата за вработувања, вреден 40 милиони евра, кој е насочен кон поддршка на над 16.000 млади до 29 години, преку мерки за самовработување, започнување бизниси и покривање на трошоци за регистрација.

– Се стимулира самовработувањето, почнувањето на бизниси кај младите, имаме достапност до светските пазари, а дома сериозна поддршка. Се намалува талкањето по администрацијата. Се стимулираат младите и со финансиски додатоци се помагаат почетоците на бизниси. Дополнително и трошоците за регистрација на бизниси и почнување на свои фирми исто така ќе бидат покриени од самата држава – истакна Шамбевски.

Шамбевски нагласи дека преку активизам и реално вклучување на младите во општествениот живот, апатијата која беше создадена од страна на претходната власт во земјава, почнува да се надминува.

– Нашата борба беше да ги убедиме младите луѓе дека само преку активизам, преку неигнорирање на проблемите, преку адресирање и борење против тие проблеми, една посериозно општествена борба, надвор од социјалните мрежи, дека тоа може да се постигне. Тоа се постигна и оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ токму тоа во оваа година дена го променува и се бори со корупцијата – изјави Шамбевски.

Поврзани содржини