Владата го разреши Еленовски

3,904

Владата го разреши од функцијата специjален претставник на С. Македонија во Брисел, за интеграција во НАТО, Лазар Еленовски. Од Владата за весникот Коха велат дека причината за разрешувањето е дека со полноправното членство на Македонија во НАТО, земјата нема веќе потреба од специјален преставник во Брисел.

Лазар Еленовски за Коха не ја прокоментирал одлуката на владата за неговото разрешување.

„Немам коментар! Се уште не сум известен официјално”, изјавил Еленовски.

Еленовски е поранешен министер за одбрана, во 2018 со поддршка од ДУИ е избран како владин преставник во Брисел за интеграции во НАТО. Владата го разреши на 19 мај, а одлуката на Службен Весник е објавена по 8 дена.

Поврзани содржини
na