ВЛАДАТА ЌЕ НАЗНАЧИ ПОВЕРЕНИЦИ ВО ГОСТИВАР, ВРАПЧИШТЕ, ЦЕНТАР ЖУПА И ВО МАВРОВО РОСТУШЕ Ќе раководат со општините додека се изберат градоначалници

Следната недела очекувам да седнеме со коалициските партнери во Владата и да ги предложиме имињата на владините повереници во тие општини, вели премиерот Христијан Мицкоски.

993

Владата во текот на следната недела ќе назначи владини повереници во четирите општини во кои лкалните избори беа неуспешни затоа што во првиот круг не беше исполнет законскиот цензус од една третина излезност на гласачите.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека чекаат Државната изборна комисија официјално да ги заврпи изборите.






– ДИК треба да ја информира Владата, по што Владата има рок од 15 дена да именува повереници и да ги информира ДИК и Собранието, а Собранието треба да закаже нови избори во рок од 60 дена. На повторените избори ќе нема цензус. Следната недела очекувам да седнеме со коалициските партнери во Владата и да ги предложиме имињата на владините повереници во тие општини – рече Мицкоски.

Се работи за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше.

Поврзани содржини