ВЛАДАТА ЌЕ ГО НАМАЛИ ДДВ-ТО ЗА ГОРИВАТА, АКО ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ Мицкоски вели дека се разгледуваат и други мерки

Премиерот нагласи дека со прогласувањето кризна состојба на целата територија на државата до октомври, Владата веќе располага со сите неопходни правни механизми за навремена реакција.

1

Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата и се разгледуваат дополнителни мерки доколку продолжи растот на цените на светските пазари, изјави премиерот Христијан Мицкоски деенска во Кавадарци.

Мицкоски најави и можност за повторно намалување на стапката на ДДВ за горивата, доколку продолжи растот на цената на нафтата на берзите која денеска се приближи до психолошката граница од 100 долари. Тој потсети дека на почетокот на неделава Владата ги намали акцизите за бензините и дизел-горивата.






-Воените дејства во Заливот се заоструваат и се интензивираат, така што очигледно нè очекуваат нови предизвикувачки денови. Како Влада ќе интервенираме со дополнителни мерки, а во моментов ги анализираме сите можности. Дали ќе бидат таргетирани или општи мерки, тоа дополнително ќе се утврди – рече Мицкоски.

Тој нагласи дека со прогласувањето кризна состојба на целата територија на државата до октомври, Владата веќе располага со сите неопходни правни механизми за навремена реакција.

-Намалувањето на данокот на додадена вредност за горивата е една од опциите. Тоа е можеби најмалку посакуваната мерка од аспект на буџетските приходи, но за нас најважен е животниот стандард на граѓаните. Секогаш кога ќе биде потребно, Владата ќе им излезе во пресрет на граѓаните – рече Мицкоски.

Поврзани содржини