ВЛАДАТА Е ЦВРСТО ОПРЕДЕЛЕНА КОН ЗЕЛЕНА ИДНИНА Божиновска вели дека се поддржува и секој чекор кој води до почист воздух
На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје" Божиновска информира за проектите за зелена енергија кои придонесуваат за чист воздух.
Го поддржуваме секој чекор што води кон почист воздух – од користење електрични автомобили, до инсталирање соларни панели на покриви и развој на енергетски задруги каде граѓаните самите ќе можат да произведуваат и користат чиста енергија. Оваа Влада е цврсто определена за зелена иднина. Интензивно се работи на реализација на капитални проект, изјави министерката за енергетика Сања Божиновска.
На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје” Божиновска информира за проектите за зелена енергија кои придонесуваат за чист воздух.
-Греење без емисија- топлински пуми, високо ефикасни котли, когенеративни гасни централни, проект државата не загадува-водиме со пример, такси без директни емисии. Преку овие мерки, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потврдува својата посветеност кон создавање на одржлив и еколошки енергетски систем, кој ќе обезбеди почист воздух и подобар квалитет на живот за сите граѓани – рече Божиновска.
Божиновска потсети на скандалот со набавка на токсичен мазут за греење на болници и јавни објекти од 2023 година кој, како што рече имал големо влијание врз здравјето на граѓаните.