Владата ќе бара од Пендаровски продолжување на вонредната состојба

За успешно справување со коронавирусот во државата е потребна вонредна состојба, се наведува во соопштението од денешната владина седница.

596

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница реши да му достави предлог на претседателот Стево Пендаровски во кој се оценува дека за успешно справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба во државата.

„Владата на Република Северна Македонија на денешната 41-ва седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата е потребна вонредна состојба“, се наведува во соопштението од денешната владина седница.

Поврзани содржини