Владата додели 120, 6 милиони денари за изградба на водоводи, канализации и улици во општините
На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата денеска донесе Одлука за распределба на средства за општините во износ од 74.500.000 денари за капитални проекти.
Владата na вечерaшната седница додели 120,6 милиони денари за капитални проекти во општините. Парите се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година.
Како што соопшти владината прес-служба, со дел од парите општините треба да финансираат изградба на водоводи и канализации и тоа за водоснабдителен систем во Мала Речица, Општина Тетово – 6.170.000, изградба на канализација за Бурови Варим Бојанов Дол, Општина Крива Паланка – 6.000.000 денари, Препораки од УНЕСКО за градби во Охрид – 6.000.000 денари, изградба на канализациска мрежа во Фурка, Општина Дојран – 5.000.000 денари, изградба на канализација во Општина Демир Капија – 2.000.000 денари и за изградба на канализација во Општина Сарај – 10.000.000 денари.
Владата одобри и 144.260.500 денари на 89 јавни комунални претпријатија членки на АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги за Република Северна Македонија, како мерка од Програмата за справување со ковид–19 кризата, како еднократна финансиска помош со цел надминување на тешката материјална состојба на вработените во претпријатијата, членки на АДКОМ.
На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата денеска донесе Одлука за распределба на средства за општините во износ од 74.500.000 денари за капитални проекти.
„Овие средства се распределуваат за реализација на следните капитални проекти: Реконструкција на булевар „Благоја Тоска“, Општина Тетово – 29.500.000 денари, Изградба на кружни текови на булевар „Теодосие Паунов“, Општина Кочани – 6.000.000 денари, Реконструкција на улица „Илинска“, Општина Центар Жупа – 4.000.000 денари; Изградба на конзоли за пешаци, Општина Штип – 9.000.000 денари; Изградба на кружен тек Момин Поток, Град Скопје – 5.000.000 денари; Почеток на мост, Карпош 4, до улица „Скупи“, Град Скопје – 4.000.000 денари; Реконструкција на пат Чалакли Татарник, Општина Валандово – 4.000.000 денари; Реконструкција на улица „Први Мај“, Општина Прилеп – 6.000.000 денари и реставрација на мост во село Уланци, Општина Градско – 1.000.000 денари“, се наведува во соопштението од Владата.