Владата даде гаранција за плаќање на набавката на викцини за ковид-19
Вакцините ќе се обезбедат преку КОВАКС механизмот.
Владата даде гаранција за плаќање на набавката на вакцини за ковид-19 преку КОВАКС механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, соопшти владината прес служба.
„Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за обезбедување на финансиска гаранција за плаќање по склучениот Договор за преземени обврски (обврзувачки договор за набавка), помеѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини заковид-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за ковид-19“, стои во соопштението.