ВЛАДАТА ДА ГО ДАДЕ НА УВИД ДОГОВОРОТ СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“! Пратеникот Лефков потсетува дека јавноста има право да знае какви обврски презеле Ковачевски и Груби
Пратеникот побара да се види договорот кој што го потпишале Груби и Ковачевски, нагласувајќи дека тие треба кривично да одговараат бидејќи ја злоупотребиле службената положба и овластување и потпишале нешто што не е во нивна надлежност.
Бараме Владата да го даде на увид договорот со „Бехтел и Енка“ и да се види какви обврски надвор од нивните надлежности презеле вицепремиерот Артан Груби и премиерот Димитар Ковачевски – рече Миле Лефков, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Телма.
Лефков вели дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера ја напуштиле седницата на Собранието за измени на 8 законски решенија поврзани со изградба на Коридорите 8 и 10д бидејќи целата стручна јавност била исклучена и не била во можност да даде свое мислење.
Тој побара да се види договорот кој што го потпишале Груби и Ковачевски, нагласувајќи дека тие треба кривично да одговараат бидејќи ја злоупотребиле службената положба и овластување и потпишале нешто што не е во нивна надлежност.
– Ние апелираме да се види тој договор и дали е точно дека се продолжува рокот од 6 месеци доколку не се усвојат овие законски одредби. Прашањето е како Артан Груби и Ковачевски се осмелиле да договараат нешто што не е во рамки на нивната надлежности. Како можат тие да се обврзуваат на нешто, коешто не зависи од нив? Дали тоа не го исполнува битието од кривично дело злоупотреба на службена должност – праша Лефков.
Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ уште пред потпишување на договорот укажувала на голем број нерегуларности, а сега само се потврдило големо тргување со влијание.
– Кој пратеник во која држава предлага зголемување на работно време сам по своја иницијатива? И замислете, денеска до Собранието не стигна никакво мислење од владата, односно оние кои се директно поврзани со коруптивниот надзор. И вие знаете, и цела јавност посведочи, 22 милиони евра ќе одат за надзор кој што произлегува од една крајно сомнителна постапка. Ние уште тогаш како опозиција реагиравме и кажавме дека оваа работа не оди на добро. И сега гледаме дека со овие предлог закони навистина станува збор за многу сериозно тргување со влијание. И ако е точна дека се предвидени огромни пенали за државата, тоа не е добро – рече Лефков.
Л