Влада: Спогодбата за трговија со Велика Британија ќе се применува пред конечниот договор за Брегзит

Според одлуката Спогодбата ќе се реализира на начин и во обем кој тековно се реализира преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

536

Владата одлучи предвреме да почне да ја применува Спогодбата за партнерство, трговија и соработка на земјава со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Со оваа спогодба, како што е соопштено, се обезбедува целосен континуитет на трговските односи меѓу двете држави.

Според одлуката Спогодбата ќе се реализира на начин и во обем кој тековно се реализира преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација.






Оваа спогодба го регулира периодот по Брегзит кога  Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска нема да е обврзано со договорите на Европската Унија.

Поврзани содржини