Влада: Лазаревски поднесе оставка пред да биде назначен за в.д. директор на Агенција за филм
Владата дополнително појасни дека на вчерашната седница само ја констатирала оставката на Бојан Лазаревски од функцијата член на Управниот одбор на Агенцијата за филм.
Владата тврди дека нема комулирање на функции кај Бојан Лазаревски како што тврди антикорупциската комисија бидејќи тој поднел оставка од членство во Управниот одбор во Агенцијата пред да биде назначен за в.д. директор.
Владата дополнително појасни дека на вчерашната седница само ја констатирала оставката на Бојан Лазаревски од функцијата член на Управниот одбор на Агенцијата за филм.
„Оставката на Лазаревски е поднесена неколку дена пред тој да биде назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Оттаму, во конкретниот случај не постоела никаква можност да настане кумулација на функции.Имено, согласно членот 16, ст. 1, ал. 1 од Законот за филмската дејност мандатот на директорот на Агенцијата му престанува по сила на закон кога тој ќе поднесе оставка во писмена форма. Вчерашната владина одлука има само декларативен карактер, односно со неа само да потврдува приемот на оставката, а таа важи од самиот момент кога е поднесена, односно од пред Лазаревски да биде воопшто назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Со други зборови, законската одредба е јасна дека при поднесување на оставка функцијата престанува по сила на закон“, соопшти Владата.
Оттаму додаваат и дека Владата постојано инсистира на задржување на највисоките стандарди при назначување на функционери.
„Состојбите на кумулација на функции се далеку од прифатливи. Владата и владините тела внимателно ги испитуваат сите релевантни факти пред дадено лице да биде назначено за функционер“ стои во соопштението..