Вкупно 70 болни, критична е состојбата кај една пациентка

531

Ќе се обединат капацитетите на двете лаборатории на Институтот јавно здравје (ИЈЗ) и на Клиниката „Жан Митрев“. Вкупниот број тестирани денес се 43 од кои 3 се позитивни, што значи дека вкупната бројка во овој момент е 70 болни, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција во Владата.

– Една пациентка патувала во Србија, друга е бабата на четиригодишното девојче од Штип и еден пациент е од Скопје – рече Филипче.






Градови во кои има болни се Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид. Просечна возраст на новозаболените 19 е 40 години.

– Сите пациенти се релативно стабилни со лесна до средна клиничка слика. Двајца се во фаза на подобрување на состојбата. Пациентката што беше на респираторна машина навлезе во многу критична фаза. Се прават сите напори за поддршка на сите органски системи. Нејзината ситуација е покритична од вчера – рече тој.

Направена е домашна визита на скоро сите кои се на домашно лекување.

Има пациенти кои избираат да се лекуваат дома, а тоа го дозоволува нивната состојба за што е изработен алгоритам од ИЈЗ.

– Располагаме со 120 респираторни машини. Набавката е во тек, проблемот е во тоа што машините во овој момент се запрени во Бразил. Со помош на нашиот амбасадор во Бразил се обидуваме тие машини да ги обезбедиме. Засега сите држави го запреа извозот на машини. Од денес имаме вест дека Кина веќе резервира 200 респираторни машини – рече министерот.

Досега се направени вкупно 888 тестови. Во овој момент лабораторијата на ИЈЗ располага со 1.400 дополнителни тестови. Ќе се набават уште 1.000, а има донација од 1.000 тестови и уште 300 во кое било време во лабораторијата на „Жан Митрев“.

Поврзани содржини