Вкупно 579 пациенти со ковид-19 се лекуваат во болниците

Според информациите на Министерството за здравство има 580 працни кревети во ковид центрите.

171

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 579. Од нив 245 лица се лекуваат на  инфективните одделенија во Скопје, а болниците се лекуваат  334 пациенти, информира Министерството за здравство и додава дека има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти.На интерните клиники имало 5 приеми, а во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми.





Моментално Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 21 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 9 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти од ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти, Штип 37, Тетово 16,  Велес 17 , Куманово 48,  Охрид 65, Прилеп 19 ,  Гостивар 21, Струга 23, Струмица  20, Кочани 4, Кичево 8, Кавадарци 14, Гевгелија 5  и во Дебар 13 .
Поврзани содржини