Вкупно 3 милијарди денари до сега легнаа на сметките на депонентите во Еуростандард

Ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу ¾ од средствата на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени.

227

Фондот за осигурување на депозити соопшти дека по двонеделен период од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај со право на обесштетување, исплатата се одвива одлично и без поголеми пречки во однос кон депонентите.

– До денес се исплатени вкупно 3 милијарди денари што претставува близу 72% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување – се вели во соопштението.






Ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу ¾ од средствата на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени.

– Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот – велат од Фондот.

Поврзани содржини