ВКЛУЧЕНИ СМЕ ВО СИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ ИНИЦИЈАТИВИ Со новите интерконектори ќе се намали зависноста од гас од Русија
Министерот информира дека е во финална фаза почетокот на изградбата на интерконекторот со Грција, како и дека се водат преговори со Бугарија за изградба на уште еден конектор.
Северна Македонија е вклучена во сите регионални иницијативи со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето со гас и да се диверзифицираат местата од кои го добива изјави министерот за економија Крешник Бектеши во обраќањето на меѓународната конференција на министрите за енергетика од Западен Балкан,.
Тој информира дека е во финална фаза почетокот на изградбата на интерконекторот со Грција, како и дека се водат преговори со Бугарија за изградба на уште еден конектор.
-Главната цел за овие инвестиции за регионално поврзување на енергетските системи и
диверзификација на енергетските извори е поголема кинкурентност на нашите економии и
пониски цени на енергенси. Во моментов во финална фаза е почетокот на изградбата на
интерконекторот со Грција, а во преговори сме со Бугарија за изградба на уште еден
интерконектор кај Струмица. Во моментов се снабдуваме со гас само од еден гасовод со Бугарија
со гас од „Гаспром“. Со новите интерконектори ќе ја намалиме зависноста на гас од „Гаспром“-рече Бектеши.
Според него, земјава ќе учествува во регионалната „таск форс“ за снабдување со гас, што ќе биде одлична можност.
На Министерскиот состанок за енергетика во Софија беше формирана новата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас откако Газпром прекина да ја снабдува Бугарија ќе ги вклучи и земјите од Западен Балкан. Во оваа платформа свое учество има и Северна Македонија.
Новата регионална платформа во рамки на сеопфатната платформа на ЕУ има за цел да се справи со регионалните потреби за гас и струја, инфраструктурата, цените и намалувањето на зависноста од руските извори на енергија.
Софиската платформа ќе ги координира плановите во регионот, меѓународните набавки, залихи, поврзаност и со тоа ќе придонесе за енергетска безбедност во регионот.
Министерот Крешник Бектеши во Софија имаше билатерални средби со министрите за енергетика на Украина Герман Галушченко, на Грација Константинос Скрекас и на Србија Зорана Михајловиќ.